Давањето под концесија на терминалот во Драч многу ќе влијае во развојот на пристаништето. Врз основа на договорот компанијата „Kирум “ која кај нас е позната по производството на челик, ќе инвестира 35 милиони долари за осовременување на терминалот. 21 отсто од приходите на концесионерот ќе се слеат во касата на пристанишните власти во Драч, два отсто во владината каса, додека останатите 77 отсто остануваат кај концесионерот. Турците пред повеќе години го приватизираа поранешниот металургиски комбинат во Елбасан, а компанијата во средината на јануари годинава стана сопственик и на четири ХЕЦ во Албанија, за цена од 109,5 милиони евра. Тие ги купија ХЕЦ „Бистрица 1“, „Бистрица 2“ „Улза“ и „Шкопет“, кои се со вкупна инсталирана моќност од 80 мегавати и со вкупно просечно годишно производство од 400-450 милиони киловат-часови електрична енергија.
Давањето под концесија на терминалот во Драч многу ќе влијае во развојот на пристаништето. Врз основа на договорот компанијата „Kирум “ која кај нас е позната по производството на челик, ќе инвестира 35 милиони долари за осовременување на терминалот - изјави министерот за транспорт и јавни работи Сокол Олдаши.
Според министерот, 21 отсто од приходите на концесионерот ќе се слеат во касата на пристанишните власти во Драч, два отсто во владината каса, додека останатите 77 отсто остануваат кај концесионерот.
Турците пред повеќе години го приватизираа поранешниот металургиски комбинат во Елбасан, а компанијата во средината на јануари годинава стана сопственик и на четири ХЕЦ во Албанија, за цена од 109,5 милиони евра. Тие ги купија ХЕЦ „Бистрица 1“, „Бистрица 2“ „Улза“ и „Шкопет“, кои се со вкупна инсталирана моќност од 80 мегавати и со вкупно просечно годишно производство од 400-450 милиони киловат-часови електрична енергија.
По продажбата на ХЕЦ на турската компанија грчките медиумите беа преплавени со написи за загриженоста на Грција да не остане во мрак, поради фактот што трафостаницата кај ХЕЦ „Бистрица1“ е директно поврзана со Грција.
- Грчките медиуми преполни се со критики поради преминување во рацете на Турците на значајни геостратешки и геполитички објекти во Северен Епир (вака Грците го нарекуваат југот на Албанија) особено на ХЕЦ „Бистрица“, зашто од неа се врши дистрибуција на струја на релација Албанија-Грција и се електирфицира еден голем дел од Грција, коментираа албанските медиуми.
Според грчките медиуми, постои опасност во ова време на криза, Турција да ја прекине енергијата и цели региони во Грција да останат во мрак. Ако оваа продажба се искомбинира и со продажбата на други објекти од страна на турски компании, јасно е дека Грција е под невиден економски напад од Турција, која до максимум ја ползува грчката економска криза, констатирале грчките медиуми.